Под слоганот  “И да врне и да вее за Екодромци ништо не е“, за време на првомајските празници се одржа првиот велосипедски камп во организација на ВК Екодром.

Нестабилното и врнежливо време беше причина за малиот број на учесници околу 30 тина велосипедисти да се појават во кампот “Извидник“  утрото на 30 Април за кога беше закажан првиот рекреативен маратон – Бојазон, во соработка со Националниот парк Галичица.

По напорни 7 часа возење и изминати 53 км, со совладување на 950 мнв и највисока надморска висина од 1650 метри, беа воодушувачки за велосипедистите кои за прв пат ја возеа патеката низ пределот на шумата Бојазон.

Силните врнежи го одложија искачувањето и освојувањето на врвот Вакоски гној, но затоа пак еспедицијата се упати на струшка страна и планината Јабланица.

 
– Вредеше да се измнине напорната тура во должина од 75 км, поради панорамските погледи кон Охридско – Струшката котлина и езерото во посебен сјај и провидност на воздухот после обилните дождови од претходниот ден – велат велосипедитите.

Следеше уште понапорно искачување кон Горна Белица  низ прекрасна букова шума која плени со својата убавина ова село на 1450 мнв е значајно за развојот низ историјата во овие краишта каде поминувал патот Виа Игнатиа, а тука е и манастирот Св.Климент кој пак ја крие големата мистерија за тоа дека Св.Климент Охридски своите творештава ги започанл токму од Горна Белица.

Малкуте слободни моменти во трите дена во “Велокампот“ велосипедистите ги минаа  во извонредно дружење зачинето со дружбени игри, многу музика, и традиционалнта првомајаска скара.

Ohridnews