Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат утрово од АМСМ.

Намалена видливост поради магла има во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Битола 100-150 метри, Куманово 50-100 метри, Тетово 50-60 метри, Павлешинци 30-50 метри, Велес 100 метри, Катланово-Велес 100 метри и Отовица-Катланово 100 метри.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.