Поради компликации настанати при санацијата на вчерашниот дефект во село Велгошти и непристапниот терен и денес повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на дел од село Велгошти (Лукоска мала), информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен и продолжуваат со работа до целосно завршување со санацијата.

OhridNews