И во текот на денешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Исто така, можна е и појава на свлечишта.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на денешниот ден, се вели во соопштението од УХМР.

Охридскиот регион вчера го зафати големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град со големина на лешник и орев на места, што предизвика поплави и големи штети на движен и недвижен имот, а пред се на земјоделските култури.

Г.М.