Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни, особена во јужните и западните делови. Локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 9 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.
Во сабота врнежите ќе бидат поумерени и претежно во источните делови, а во недела слаби и локални. Од понеделник со засилен северен ветер ќе има позначително заладување со врнежи од дожд и снег.
OhridNews












