Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид се одржува за празникот „Св.Климент“, оваа година ќе се реализира во спортската сала на ООУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (петок) во периодот од 19-00 ч. и на 9 август (сабота) во периодот од 9-13 ч.
Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, велат од Црвен крст Охрид.