Општина Охрид вчера објави Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае до 28-ми декември 2015 година.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди: првата награда изнесува 6.000 денари, втората награда е во износ од 4.000 денари и третата награда е во износ од 2.000 денари.
-Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати. При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста, информираат од општината.
Резултатите и наградите за најубавите празнично украсени дворови, ќе бидат објавени по новогодишните празници.
OhridNews