И екипата на Херта на своја кожа ја осети силата и моќноста на Баерн Минхен, откако на Алијанц Арената претрпе пораз 3-0 во 4-та рунда од Бундес лигата.
За разлика од трите противници до сега екипата од главниот град на Германија му пружи најголем отпор на „баварците“.
Домаќините поведоа во 18-та минута со 1-0 со голот на Рибери. Тој резултат активен беше до 68-та минута кога Тијаго Алкантара зголеми на 2-0. Истиот фудбалер асистираше до Арјен Робен кој со погодок се врати на терените.
Резултати: Леверкузен – Аугзбург 0-0, Баерн Минхен – Херта 2-0, Лајпциг – Менхенгладбах 1-1, Шалке – Келн 1-3, Вердер – Мајнц 1-2.
OhridNews