Додека сите ги фалат Варди, Марез, Канте, Дринквотер останатите играчи и менаџерот Раниери на површина испливуваат интересни работи за Лестер од минатото.


Поранешниот играч на Ливерпул и англиски репрезентативец, Емил Хески пред неколку години самоволно донирал 100 000 фунти за клубот кој пак, со нив се спасил од банкрот.

– Осеќавав дека треба нешто да направам добро и го сторив тоа. Клубот тогаш одеше во непосакувана насока и мило ми е што се врати во вистински колосек и сега се наоѓа пред историска прилика. – рече Хески.

Корпулетниот напаѓач кој од 1994 до 2000 година беше дел од „лисиците“ смета дека сезонава е од бајките за неговиот матичен клуб. – Ова е приказна од бајките. Јас неможам на друг начин да ја опишам, а се надевам со среќен крај. 

На девет меча од крајот на Премиер лигата, Лестер има пет бодови предност од второпласираниот Тотенхем.

OhridNews