Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Никола Илиевски-Џиџи ќе го преземе кормилото во Фудбалскиот клуб Вардар и ќе ја води екипата во пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Џиџи и „црвено црните“ ќе имаат недела дена на располагање за подготовките, затоа што вториот дел од шампионатот стартува викендов кој доаѓа. Во стручниот штаб на Џиџи ќе бидат поранешните играчи на Вардар, Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Никола Глигоров За физичката подготвеност ќе се грижи Шејкероски.

На сметката од Вардар уплатени се некои финансиски средства со кои клубот ќе може да функционира до конечно стабилизирање. После првиот тренинг ќе се види со какви играчи располага Џиџи, кој и порано го водеше тимот на Вардар.

„Црвено црните“ во првата рунда од втората етапа во Првата МФЛ на домашен терен, го пречекуваат битолски Пелистер.

OhridNews