Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов пораз во квалификациите за пласман на ЕП 2008. Овојпат поупешен од нас беше Израел кој во Скопје славеше со 2:1.

Израел поведе  во 10-та минута преку Јицаки , во 13-та минута израмни Стојков, а конечните 1:2 ги постави  Колаути во 43 минута.

По само 10 минути игра во второто полувреме поради повреда играта ја напушти Пандев, а избраниците на Катанец и покрај доминацијата до крајот на натпреварот не успеаа да израмнат.

Со овој пораз Македонија и дефинитивно ги загуби шансите за добар пласман во квалификациите за пласман на ЕП.