Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во Охрид променливо облачно со максимална температура до 19 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Според најавите во вторник повторно се очекува дестабилизација која ќе донесе нови врнежи, на места во форма на невреме. Дожд ќе има и во среда, особено во претпладневните часови.

OhridNews