Пластични стари канти полни со песок или бетон кои се користеле за врзување на кајчиња, познати кај охриѓани како „канџи“, можат да се видат  покрај самиот влез на меморијалната куќа на Христо Узунов.

Очигледно на некој жител повеќе не му биле потребни па одлучил да ги стави онаму каде што му било најзгодно, воопшто не грижејќи се што токму улицата „Цар Самоил“ е најфреквентната со гости кои постојано минуваат посетувајќи ги бројните цркви и културно историски споменици, меѓу кои е и куќата на Христо Узунов.

OhridNews