Играчот на Арсенал, Санти Казорла, поради повреда на лигаментот на коленото, ќе отсуствува од фудбалските терени во наредните три месеци. Шпанскиот репрезентативец се повреди во саботата на натпреварот со Норвич (1:1).


Повредата на Казорла му создава дополнителни главоболки на менаџерот на тимот, Арсен Венгер, кој има големи проблеми со повреданите играчи.

Казорла мечот со Норич го заврши ‘на една нога’, бидејќи менаџеорт веќе ги имаше направено трите замени.

На истиот меч се повреди и Алексис Санчез, кој според првичните прогнози ќе мора да паузира еден месец.

Ohridnews