Како што објаснија од локалната самоуправа, пред два дена се потпишал договор со фирма- изведувач која треба да го чисти патот кон Куратица. Се чекало најпрво да завршат тендерските процедури.
– Потпишан е договор со фирма од Куратица која со свои машини ќе може да ги чисти патиштата околу Куратица и веднаш да реагира во случаи на врнежи од снег, рече градоначалникот Александар Петрески.
Од ЕВН Македонија објаснуваат дека службите се на терен и дека работат на отстранување на дефектите поради кои без струја останаа и селата во Дебрца и Вевчани.