Фудбалерите на Ливерпул се вмешаа во борбата за местата во Лигата на шампиони откако го совладаа директниот ривал Саутемптон со 2-0.
Со „евроголот“ на Коутињо „црвените“ го отворија резултатот, а конечните 2-0 ги постави Рахим Стерлинг на средината од вториот дел.
Разликата меѓу третопласираниот Арсенал и седмопласираниот Тотенхем е само четири бодови и во преостанатите 15 натпревари ќе следува жестока битка за двете „празни“ места кои водат во ЛШ.
Мх.П.