По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” во кампањата што ја спроведе Црвен крст со повеќе активности, се вклучи и општина Охрид.
И оваа година општина Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвен крст во обезбедувањето на финансиски средства за набавка на прехрамбени производи и подготовка на 70-80 хуманитарни пакети кои заеднички ќе им бидат поделени на најсиромашни семејства од општина Охрид.
OhridNews












