Двокраниот првак во Формула 1, Мика Хакинен му пружи поддршка на Михаел Шумахер. Германецот минува низ тежок период откако имаше страотна несреќа при скијање во Франција.

Според докторите Шумахер е вон животна опасност, но сеуште е во вештачка кома поради сериозноста на повредите.

– Шумахер ќе ја добие оваа битка затоа што е борец кој никогаш не се предава без да победи – рече Хакинен и додаде за неговата несреќа во 1995 година кога исто така заврши во кома – Тоа беше страшен шок за мене и за мојата фамилија. Тогаш новините беа полни со мои слики каде сум облеан во крв. За таа несреќа јас долго време зборував со Шумахер, а ќе го правиме тоа пак кога ќе се опорави мојот драг пријател.

Ривалитетот на овие двајца вонсериски Ф1 пилоти беше вистинско уживање, а сепак поуспешен беше „шуми“ кој освои седум титули.

Мх.П.