Во нив спаѓаат и рестораните, кафулињата, месарите, големите маркети, но и маалските продавници, објаснуваат од Агенцијата за храна.
– Досега околу 60% од правните субјекти извршија регистрација, но најголем дел од малите маркети, познати како маалски продавници не ја извршиле оваа законска обврска. Ние и немаме податоци колкав е нивниот број, затоа што се евидентирани како правни субјекти, но не и во нашата евиденција како оператори со храна, велат од Агенцијата за храна.
Оттаму апелираат регистрацијата да се изврши пред дадениот рок, затоа што предвидени се високи казни за оние кои нема тоа да го направат.
Казната за управителот на фирмата е 500 евра, додека пак од 2000 до 2500 евра за правното лице.
За регистрација треба да се платат 400 денари за административна такса, а документацијата може да се подигне во канцелариите на Агенцијата за храна- Охрид во зградата наспроти Здравствен дом.