Националната комисија за УНЕСКО при Министерството за култура на Република Македонија известува дека се повикуваат државите–членки на УНЕСКО да поднесат кандидатури за наградата за помоција на толеранцијата и ненасилството за 2014 година.
Оваа награда е востановена во 1995 година, по повод одбележувањето на годината на Обединетите нации за толеранција и 125 годишнината од раѓањето на Махатма Ганди, а се однесува на унапредувањето на духот на толеранцијата и ненасилството во областа на науката, уметноста, образованието, културата и комуникацијата. Наградата се доделува секоја втора година на денот на основањето на УНЕСКО–16 ноември.
Кандидати можат да бидат поединци, институции или организации кои исклучително допринеле за промоција на толеранцијата и ненасилството. Формуларот за номинација и критериумите за наградата, можат да се најдат на веб страната: www.unesco.org .
Крајниот рок за поднесување на кандидатурите до УНЕСКО е 2 јуни 2014 година.
OhridNews