Тенденцијата на заминувањe од Женскиот ракометен клуб Вардар продолжува, откако македонската репрезентивка Сара Ристовска потпиша двегодишен договор со Крим од Словенија.

Словенскиот колектив следна дестинација за Ристовска ќе биде по завршувањето на оваа сезона, која е последна за ЖРК Вардар на вакво ниво.

21-годишната ракометарка која потекнува од школата на Металург најмногу доби од проектот на Вардар. Таа имаше шанса се развива со квалитетни ракометарки покрај себе и да го почуствува шмекот на Лигата на Шампиони.

Предизвикот во Словенија ќе биде прв надвор од границите на нашата земја, а токму на неа и на уште неколку ракометарки се базира иднината во македонската ракометна репрезентација.

OhridNews