Во четвриот натпревар на клупата на Интер во Серија А, Роберто Манчини се израдува на триумф откако „нероазурите“ славеа со 2-0 над Киево.


Хрватскиот напаѓач Матео Ковачиќ во 19-та минута погоди за 1-0, а победата за гостите ја запечати Ранокија на стартот од вториот дел.


Во вториот натпревар од понеделничката програма Емполи и Торино ги поделија бодовите играјќи 0-0.

Мх.П.