По извршниот директор и Mенаџерскиот тим на АД „ЕМО“ ја отфрли можноста на имот на компанијата во Косел да се гради Фабрика за преработка на комунален отпад, која неодамна ја промовираше општинското јавно претпријатие „Охридски Комуналец“.
-Во време на глобална економска криза кога сите напори на Владата на Република Македонија се сконцентрирани на решенија од економската сфера и ублажување на состојбите од кризата и во време кога Владата на Република Македонија во согласност со економскиот план за „ЕМО“ Охрид ги исполни сите ветување и планови за санација и исплата за заостанатите средства, сведоци сме дека наместо поддршка некој се поигрува со „ЕМО“ и некој си поигрува со судбината на вработените и имотот на „ЕМО“, се вели во реакцијата.
Оттаму посочуваат дека наместо да ги поддржат напорите на Владата да се решат натрупаните проблеми во „ЕМО“ , ЈП Комуналец и Локалната самоуправа предлагаат идеи кои се против интересите на „ЕМО“ и вработените.
-Порачуваме дека таквите обиди за понижување на ЕМО нема да им пројдат, дека „ЕМО“ достоинствено ќе продолжи да опстојува, а депониите кои ги планираат може слободно да ги планираат на нивните имоти затоа што ионака со години не знаат да го решат проблемот со комуналниот смет во Охрид, стои во соопштението на Менаџерскиот тим на „ЕМО“ – Охрид.
Во него уште се посочува дека финансиските проблеми на „ЕМО“ започнале во 2006 година со продажбата на „ЕСМ“ поради што значително се намалиле нарачките за работа за „ЕМО“, a одговорност за лошата состојба на компанијата сноси и тогашниот Менаџерски тим кој наместо да ги решава ги прдлабочил проблемите во некогашниот стопански гигант.