Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на сезоната е слободен играч и самиот ќе одбира каде ќе ја продолжи својата богата кариера.


Неколку екипи се во редот на чекање, а најнова опција за Швеѓанецот е тимот на Милан од каде во 2012 година замина во Пари Сент Жермен.

Можното враќање на Ибрахимовиќ во Милан го најави менаџерот Мино Раила кој предизвика лавина позитивни и негативни реакции кај подржувачите на „росонерите“.

Ибрахимовиќ во двете сезони минати во екипата на Милан освои титула во италијанската Серија А и Супер купот на Италија и два пати се пласираше во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.

Никогаш шведскиот горостас не ја криел наклонетоста кон Милан иако имаше одлични настапи и во дресот на Интер.

OhridNews