Клубот од „Вестфален“ нема да седи со скрстени раце во летниот преоден рок туку со буџет од 100 милиони евра ќе прави реконструкција на екипата.
„Милионерите“ многу веројатно ќе останат без капитенот Мет Хумелс кој сам побара раскин договорот за трансфер во ривалот од Бундес лигата, Баерн Минхен и Илкај Гундоган кој е пред трансфер во Манчестер Сити.
Трансферот на Осман Дембеле од Рен според германскиот весник „Билд“ е готова работа, а најголем акцент „милионерите“ ќе стават на враќањето на Марио Геце во клубот.
Очекувано, Дортмунд ќе засилува и во одбраната веќе се вртат неколку имиња за потенцијални трансфери Никлас Шуле од Хофенхајм, австрискиот репрезентативец Александар Драговиќ и Махмуд Дауд од Менхенгладбах.
OhridNews