
Тој истакна дека во Охрид чувствува добра атмосфера и, како што рече, “еддна добра прилика нашиот кандидат за градоначалник Кирил Трендафилов Нанче во вториот круг да ја добие поддршката на охриѓани“.
– Пред четири години им беше открадната победата на Нанче на охриѓани и сметам дека ова е приликата која ќе ги исправи тие грешки, тие пропусти и тие злоупотреби на изборниот процес и очекувам охриѓани да ја дадат својата максимална поддршка за градоначалникот кој ќе може да го врати сјајот на Охрид, но исто така ќе знае како да ја исползува добрата релација со владата, рече Милошоски.











