Охриѓани 2019 ја завршија со уште една успешна хуманитарна акција. Овој пат во клубот „Арена“ се одржа хуманитарна забава „Од срце за Тачо“ на која учествуваа „тиктокери“ од целата земја.

Се собраа повеќе средства кои ќе бидат донирани за Тачо, а хуманитарниот настан го поддржаа и книжара „Снежана“, такси „Бел Мерцедес“ и клубот „Арена“.

Организаторот и спонзорите ги изненадија хуманите учесници, меѓу кои имаше и дечиња, доделувајќи им новогодишни пакетчиња, а не изостана и добрата забава.

OhridNews