Поларни температури деновиве ја зафатија земјава. Исклучок не е ниту Охрид. Синоќа живата во термомератот се спушти до -10, а ноќва се очекува да биде уште постудено. Дневната температура вчера во најголем дел беше под нулата. И покрај студот Охрид викендов е облеан во сонце, а Езерото „опколено“ со снежни планини плени со својата убавина.

Студеното време ќе потрае и во наредните денови. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до -12 степени, а дневната ќе се движи во интервал од 0 до 3 степени.

OhridNews