Најмладите од детската градинка „Пеперутка“ во Струга, вчера беа дел од проектот за СКА – ПХВ на општинскиот Црвен крст и помогнаа да се направат честитки, од чија продажба треба да се соберат финансиски средства за лекување на малата Емилија Попеска од Вевчани.

Честитките ќе бидат продавани на 12-ти декември во 14 часот пред хотелот „Београд“ во Струга.

Инаку, малата Емилија Попеска од Вевчани поради предвремено раѓање била сместена во инкубатор, каде претрпела оштетување на видот. Преземени се одредени медицински зафати надвор од Македонија но за да може повторно да гледа потребни се уште неколку интервенции, а со тоа и финансиски средства.

По тој повод, на 14 декември во повеќето кафе барови низ Струга  (Албум, Грифон, Туламур и Ерато) ќе се оддржи хуманитарна вечер со влезница од 50 денари. Организаторите апелираат до хуманите граѓани да ја поддржат акцијата за помош на малата Емилија.

OhridNews