Чуварот на мрежата на Сао Паоло, Рожерио Сени на мечот со Линенсе постигна фантастичен погодок од слободен удар во победата од 3-0.
42-годишниот Сени стигна до 126-от погодок во кариерата што го прави најдобар стрелец меѓу голманите во светски рамки.
Целата кариера бразилскиот голман ја помина во Сао Паоло, а со тоа ги држи рекордите одиграни натпревари за еден клуб (1202), победи и капитен во исти клуб.
Мх.П.