Според прогнозата на синоптичарите и во текот на наредната седмица времето во Охрид ќе биде топло и претежно сончево. Доумерена облачност и краткотрајни врнежи од дожд можни се во понеделник и вторник. Максималната дневна температура ќе биде од 17 до 20 степени, а минималната од 8 до 10 степени целзиусови.
Поголемо наоблачување и врнежи од дожд се очекуваат за време на викендот, кога ќе дојде и до опаѓање на температурата за два до три степени.
OhridNews













