Актуелниот градоначалник на Општина Охрид Константин Георгиески, и официјално ќе биде кандидат за нов мандат на СДСМ на локалните избори што ќе се одржат оваа есен.
По спроведените испитувања на јавното мислење и консултациите со членството, со одлука на раководството дефинирани се првите 30 кандидати за градоначалници на СДСМ, изјави лидерот на партијата Зоран Заев по вечерашната седница на партискиот извршен одбор.
Поддршката дава сила и мотив за нови победи, но истовремено носи одговорност и голема чест, напиша на официјалниот фејсбук профил градоначалникот на Општина Охрид и кандидат за нов мандат од редовите на СДСМ, Константин Георгиески.
Време е да зацртаме и да тргнеме кон остварување на нови цели! Време е уште еднаш да се обврземе пред граѓаните и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на нашиот град!
Предводејќи ја локалната власт во Охрид, СДСМ покажа и докажа дека знае да креира квалитетни политики. Работевме одговорно, чесно и домаќински. Реализиравме важни проекти, водејќи сметка за зачувување на природните, културните и духовните богатства.
На претстојните локални избори продолжуваме со Вас граѓаните, Заедно Напред, за уште една голема победа во Охрид! – истакна Георгиески.
OhridNews













