Поскапувањето на електричната енергија дополнително ќе го намали ионака нискиот стандард  сметаат граѓаните. Уште повеќе тие се загрижени поради укинувањето на евтината струја преку ден, мерка која според нив не е оправдана. Растот на цената на енергенсите на светскиот пазар и економските текови го дикрираат формирањето на цените на енергенсите и кај нас, но граѓаните сметаат дека при носењето одлуки за формирање на цените на електричната енергија, парното, горивата…. надлежните тела и органи треба да го имаат предвид и стандардот на граѓаните на Македонија кој е меѓу најниските во Европа.

Соочени со бранот поскапувања македонските граѓани деновиве започнаа протести во повеќе градови.

OhridNews