Рим, Кападокија, Венеција, Прага, Истамбул, Милано и Крф се дел од дестинациите, каде што охриѓани ќе одат на Велигденски патувања. Од охридските туристички агенции, кои нудат вакви аранжмани велат дека споредено со претходните години, годинава има поголем интерес за патувањата во рамки на велигденскиот викенд.

-За велигденските аранжмани има доста интерес, особено за оние аранжмани за кои има организирано поаѓање од Охрид и кои се со вклучен автобуски превоз. Покрај Крф, која е една од најбараните дестинации, како поатрактивни може да се наведат и Рим, Кападокија, Милано и Венеција. Има интерес и за организираните патувања за Москва, Дубаи и за Париз, велат од охридските туристички агенции.

Од таму додаваат дека веќе имаат резервации и за првомајските патувања за Банско, Србија и Грција.

Освен за групните патувања дел од охридските агенциите организираат и индивидуални патувања за повеќе ексклузивни дестинации. 

-Имаме клиенти кои имаат традиција и стандард да патуваат на далечни дестинации во текот на пролетните месеци. За нив осбено атрактивни се аранжманите за Индија, Кина, Аргентина и Куба, но има и интерес за патувања на егзотични места во Јужна Америка и на Карибите. Исто така голем број на наши сограѓани сакаат да одат и на крстарења по медитеранот, велат охридските туристички работници.

Според понудите за патувања кои се објавени на веб страниците на охридските туристички агенции, може да се види дека цените за аранжманите се движат од 4.000 денари до неколку стотини евра.

Е.М

Лето 2014: Бодрум чартер лет

Лето 2014: Анталија чартер лет