И учениците од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта.
Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена.
Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст, по што ќе бидат спакувани и доставени до децата од социјално најзагрозените семејства.
OhridNews











