Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.
Најмногу се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, училишен прибор, храна за деца, тестенини и големи количества на вода.
– Целта е да му се помогне на населението од овие подрачја, но и развивање на свеста за хуманост кај најмладата популација за изградување во една здрава и хумана личност, потенцира директорот на ОУ „Хртисто Узунов“, Тони Симоновски.
OhridNews