Жителите од селото Горенци- општина Дебрца и ова лето мака мачат со водоснабдувањето. Како што тие велат, проблемот кој беше присутен минатата година, се повторува и оваа сезона.

–    Секој ден во попладневните часови доаѓа до прекин на снабдувањето со вода за пиење, што во летниот период претставува голем проблем. Немаме информации зошто немаме вода и дали проблемот наскоро ќе се реши, велат жителите на Горенци.

Од ЈП  „Дебрца“ кое стопанисува со водоводот преку кој се снабдува со вода селото, информираат  дека прекините во водоснабдувањето се поради дотраеноста на пумпите поради што во летниот период,  не може да се постигне да се задоволат зголемените потреби за вода за пиење на домаќинствата во селото.

–    Работиме на решавање на проблемот и се надеваме дека што поскоро ќе обезбедиме непречено снабдување со вода за жителите. За проблемот е информиран и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски и со поддршка од локалната самоуправа очекуваме што поскоро, трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето, изјави директорот на ЈП Дебрца, Стојмир Велјаноски.

OhridNews