Вчера е украден мотор на охриѓанец кој бил паркиран на улицата „Партизанска“, во вредност од околу 5000 евра.

–    Моторот беше паркиран кај стара автобуска станица, а на 30 метра од местото на настанот имаше сообраќајна полиција која рече дека ништо не приметила. Молам да  да се опоменат и возачите и полицијата дека кражбите во Охрид на мотори пак почнуваат , вели сопственикот на украдениот мотор.

Во јуни минатата година беа украдени три мотори во сопственост на словенечки туристи, кои по неколку дена од страна на полицијата беа пронајдени во околината на Охрид, по што тие им беа вратени на сопствениците.

OhridNews