Патниот правец од месноста Корита до зимскиот центар Отешево од викендов затворен за сезонски сообраќај на сите возила.

Тоа значи дека и покрај бројните апели и реакции на граѓаните, планинарите и љубителите на природата од Охрид, упатени во текот на изминатите години дека со ваквиот чекор се спречува развојот на планинскиот туризам, повторно и оваа зимска сезона овој патен правец не се најде на приоритетната листа за зимско одржување на патиштата од страна на „Македонија пат“.

Како што информираат од АМСМ, патот од Корита до Отешево за сообраќај ќе биде затворен до 31- ви март наредната година.

OhridNews