Моменталниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини по завршувањето на сезонава ќе замине од Премиер лигата и ќе го преземе тимот на Зенит.


Менаџерската функција на Етихад од Пелегрини ќе ја преземе шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола кој потпиша тригодишен договор со „граѓаните“.

Рускиот клуб во името на Пелегрини го најде потребното искуство кое му недостастува за што подобри резултати во Европа.

Чилеанецот во Зенит ќе го замени Андрес Виљаш Бојаш кој на почетокот од кариерата се споменуваше како наследник на Жозе Мурињо.

Пелегрини има големо искуство водејќи ги Малага, Реал Мадрид и Виљареал пред да го преземе Манчестер Сити.

OhridNews