Дека навистина се исплатува да се биде ѕвезда, овој пат ни докажува младата холивудска актерка, Џенифер Лоренс. Агентите на познатата шармерка од црвениот килим моментално се во преговори со француската модна куќа, Кристијан Диор, а ако договорот биде постигнат, Џенифер идните три години ексклузивно ќе го носи нивниот дизајн во сите официјални прилики.

Медиумите калкулираат дека Џенифер со овој потег ќе заработи помеѓу 15 и 20 милиони долари, и тоа да носи прекрасна дизајнерска облека кога и да посака. Со тоа дополнително би се проширила нејзината соработка со куќата Диор, која младата надеж на Холивуд веќе ја претставила како заштитно лице на Мис Диор кампањата, и и дала право на предност за носење Диор на сите важни доделувања на награди во последните две години.