Заминувањето на Жозе Мурињо од менеџерската функција од Челси донесе малку радост, но не и мир во соблекувалните од Стемфорд Бриџ.


Речиси сите англиски медиуми пренесуваат дека на последниот тренинг Диего Коста и Оскар имале крајно блиска средба која за малку не избувнала во општа тепачка.

Играчите ги задржале и разделиле фудбалерите кои во блиската средба си разменале неколку погрдни зборови.

За виновник медиумите го прогласија Оскар кој остро стартувал врз Диего Коста кој пак претходно имал дуел со бразилскиот репрезентативец.

Се уште не знае како реагирал Гус Хидинк на овие немили сцени на тренингот од „сините“ и каква санкции ќе им пресуди на „тепачите“.

Ohridnews