По завршувањето на вториот уписен рок за запишување ученици во прва година во учебната 2011/2012 година, според добиените податоци во средните општински училишта сеуште има слободни места, информираат од Локалната самоуправа.

Во општинското средно училиштре „Св. Климент Охридски“ за гимназиско образование запишани се 3 полуматуранти, додека за стручното образование во економската и здравствената насока пријавени беа 22 ученици, а запишани 19.
Остануваат уште вкупно 95 слободни места.

Во средното јавно училиште ОУТУ „ Ванчо Питошески“ за профилите со четиригодишно образование, во вториот уписен рок нема пријавени кандидати, а остануваат 55 слободни места.  За профилите  со тригодишно траење на образованието – келнери, готвачи, слаткари и пекари,  пријавени се и запишани 3 ученици.
Вкупно 171 слободно место.

За четиригодишно образование на стручни занимања во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , во вториот уписен рок се запишале 14 ученици. Остануваат уште 166 слободни места, додека за профилите со тригодишно образование останува 51 слободно место, а во вториот уписен рок нема заинтересирани кандидати за образовните профили кои ги нуди општинскиот електромашински училишен центар.

OhridNews