Севкупно во во општинското средно училиште „ Св. Климент Охридски“ остануваат уште вкупно 72 слободни места.
Во средното јавно училиште ОУТУ „ Ванчо Питошески“ – Охрид за профилите со четиригодишно образование пријавени беа 9 ученици а запишани беа 5. Остануваат 26 слобосни места за четиригодишното образование, после вториот уписен рок. За профилите со тригодишно образование – келнери, готвачи, слаткари, пекари пријавени и запишани беа 4 ученици. За четиригодишно образование на стручни занимања во ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“, во вториот уписен рок се пријавиле 10 ученици од кои запишани се 7 ученици. За тригодишното образование во ова училиште, во вториот уписен рок немаше заинтересирани кандидати.
Во стручното средно училиште остануваат 224 слободни места за четиригодишно образование и 24 слободни места за тригодишно стручно образование, соопшти локалната самоуправа.