Големата прашина која се крена околу иднината на Пол Погба доби нова димензија откако францускиот репрезентативец изјави дека и самиот не знае каде ќе ја продолжи кариерата.


Во игра за неговиот потпис се Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а неговиот сегашен клуб Јувентус бара монструмска сума од 120 милиони за неговите услуги.

– Мој одговор сега е незнам. Моментално сум во Јувентус, многу ми е добро и незнам дали сакам да замина од тука. – рече Погба и додаде околу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. – Олд Трафорд е мојот дом, таму прв пат заиграв фудбал на професионално ниво. А, Реал со освојувањето на ЛШ покажа дека е голем клуб.

Погба, потрфрли на Европското првенство што се одржа во Франција, но тоа очигледно не ги поколеба „ѓаволите“ и „кралевите“ околу трансферот на Французинот кој ако се оствари ќе ги сруши сите бариери.

OhridNews