Обично кога екипата победува некој играч или повеќе се повредуваат од желбата и храброста, но на Арсенал му се случи спротивното на гостувањето во Бирмингем.
Вест Бромвич Албион ги освои трите бодови победувајќи со 2-1, а „топчиите“ останаа без везистите Френцис Кокелин и Микел Артета.
Кокелин ќе паузира четири месеци додека Артета нешто помалку поради не сериозноста на неговата повреда.
Повредата на Кокелин ќе биде голем хендикеп за Арсен Венгер кој година дена го форсира фудбалерот за врска.
Арсенал на испит е веднаш и тоа против Динамо Загреб во петтата рунда од Лигата на Шампиони.
На англичаните им е потребна победа што поубедлива за останување во живот за пласман во нокаут фазата во ЛШ.
Ohridnews











