Целта на кампањата е информирање и едукација на потрошувачите за опшите и посебните означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување на алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења. Во рамки на кампањата, во поголемите маркети се делат едукативни летоци наменети за потрошувачите.
Како што информираат од агенцијата за храна и ветеринарство, најчестите поплаки на потрошувачите се однесувале на означувањето, безбедноста и чувањето на храната, рокот и датумот на производство, како и нутритивните својства на продуктите.
Минатата година биле доставени околу 130 претставки од граѓаните најмногу околу нехигиената, изминатите рокови и несоодветните декларации на прехранбените производи. Во сите случаи каде што биле констаирани прекршувања на Законот за заштита на храната, биле преземени соодветни санкции и се поднесени прекршочни пријави.