Златан Ибрахимовиќ со погодокот во првиот меч за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата комплетираше неверојатен подвиг постигнувајќи голови во своите дебитански настапи во Серија А, шпанската Ла Лига, француската Прва лига и Лигата на Шампиони.


Во италијанската калчолига, Ибрахимовиќ дебитираше во дресот на Јувентус, а првиот гол во ЛШ го постигна во дресот на Ајакс против составот на Лион.

Корпулетниот напаѓач и на дебито во Шпанија во тимот на Барселона се запиша на листата на стрелци. Истиот тренд го продолжи и во екипата на Пари Сент Жермен.

Шведскиот интернационалец со погодок од далечина ја „зачини“ победата (3-1) на Манчестер Јунајтед над Бурнмаут и ја додаде и Премиер лигата на своето мени.

Доминантен почеток на „ѓаволите“ и Мурињо во Премиер лигата (видео)

OhridNews