Екипата на Сампдорија предводена од српскиот стручњак Синиша Михајловиќ се приклучи во трката за потписот на Горан Пандев.


Управата на калчилигашот испратила официјална понуда до Галатасарај за услугите на Пандев во висина од 500 000 евра.

Пред нецела недела тимот на Торино загриза за Пандев, но со повисока сума, која изнесуваше еден милион евра.

Пандев е пред излезни врати од турскиот гигант, а најверојатна е пред кам бек во Серија А.

Мх.П.