
На две одделни прес конференции пред полноќ, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче, објавија победа на владејачката партија. Оттаму тврдат дека Нанче со предност од 10 до 15% влегува во вториот круг.
Еуфоријата на ВМРО ДПМНЕ не се заснова на факти, велат од Аналитичкиот центар на СДСМ. Оттаму велат дека по преброени 60 избирачки места, Александар Петрески има предност од 760 гласови.
Засега и едната и другата партија останува на своето, односно тврди дека однела победа во трката за градоначалник во Охрид. Дилемата ќе ја решава Општинската изборна комисија каде сеуште се сумираат резултатите од локалните избори што вчера се одржаа во Охрид.











